Намален бројот на новозаразените во Италија, но зголемен на починатите

Бројот на починатите од респираторната болест Covid-19 во Италија се зголеми за 236 додека ден претходно имаше 195 смртни исходи од заразата со новиот коронавирус, додека нови случаи на заразата се потврдени кај 1.075 лица, или 146 помалку отколку во понеделникот, објави во вторникот на редовниот вечерен брифинг Агенцијата за цивилна заштита.

Во вторникот е забележан најнискиот број на новозаразените во последните два месеца. Вкупно од избувнувањето на епидемијата во Италија на 21-ви февруари инфекцијата со коронавирусот е потврдена кај 213.013 лица.

Во истиот период во земјата починале 29.315 луѓе. Се верува дека бројот на починатите од коронавирусот во Италија е веројатно многу поголем отколку што тоа го покажуваат службените бројки, се наведува во анализата на италијанскиот завод за статика Istat објавен во понеделникот.

Бројот на активните случаи се намалил од 99.980 во понеделникот на 98.457 пациенти во вторникот. Додека во понеделникот на одделите за интензивна нега имало 1.479 лица со коронавирус, во вторникиот нивната бројка се намалила на 1.427 пациенти.

Истовремено се зголемил и бројот на излекуваните, од 82.879 во понеделникот на 85.231 во вторникот. Во Италија со околу 60 миолиони население, на коронавирусот се тестирани повеќе од 1,5 милион лица.