
Намалувањето на бројот на приведени лица покажува значајна промена на трендот, истакна американскиот министер за внатрешна безбедност Џон Кели, оценувајќи дека за тоа е заслужна политиката на претседателот Доналд Трамп.
Кели нагласи дека „по спроведувањето на извршните уредби за поддршка на законот во областа на миграцијата, бројот на приведувањата и влезот на лицата кои не ги исполнуваат условите за легална миграција достигнал месечен минимум во последните пет години“.