Во февруари оваа година се издадени 212 одобренија за градење, што е намалување од 3,2 отсто во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува три милијарди 522 милиони и 477 илјади денари што е за 47 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 147 или 69,3 отсто се наменети за објекти од високоградба, 33 односно 15,6 отсто за објекти од нискоградба и 32 т.е. 15,1 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупно 212 објекти, на 141 или 66,5 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 71 објект односно 33,5 отсто инвеститори се деловни субјекти.
Во овој период е предвидена изградба на 445 станови со вкупна корисна површина од 37.313 метри квадратни.