Подетално, на грчкиот брег пристигнале вкупно 144 лица, од кои 43 на Лезбос, 94 на Хиос и 12 на Самос.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, полицијата соопшти дека 3.146 бегалци се наоѓаат во пунктот во Мориа, 1. 766 на Хиос и 464 мигранти и бегалци има во пунктот на Самос.
Според бројките на Координативното тело за управување со бегалската криза, на грчка територија денеска има 52.666 бегалци и мигранти. 28.972 од бегалците се во северна Грција, 11.269 од нив се во Идомени, 14.327 се сместени во регионот на Атика (4.668 во пристаништето Пиреја), 6.499 на грчките острови и 2.868 се во различни области во централна Грција.