![133056491 патници](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/133056491-14.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 12,5 отсто, во приградскиот за 0,5, во меѓуградскиот за 5,1, а во меѓународниот превоз за 6,3 отсто.
Во однос на третото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 25,2 отсто при што бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 30 отсто, во приградскиот за 25,4, во меѓуградскиот е зголемен за 2,2, а во меѓународниот превоз е намален за 27,2 отсто.
Во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 13,2 отсто. Бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 13,8 отсто, во приградскиот за 27,5, во меѓународниот енамален за 11,7, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 2,2 отсто.
Во споредба со третото тримесечје од 2016 година, па, вкупниот број на патнички километри е намален за 5,6 отсто. Бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 43,1 отсто, во приградскиот за 0,8, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 1,8, додека во меѓународниот превоз е намален за 37,8 отсто.