Намален откупот и продажбата на земјоделски производи во декември

Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во декември минатата година изнесува две милијарди 127 милиони 801 илјади денари, што е намалување од 31,1 отсто во споредба со истиот период во декември 2012-та година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 37,8 отсто,
а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 4,4 отсто.

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се бележи кај житата, индустриските
растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, млекото и млечните производи, а зголемување на вредноста е
забележано кај зеленчукот, фуражните растенија, грозјето, живината и јајцата и рибата.