Во трговијата на мало, во јули годинавa, во споредба со јули минатата година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 5,1 отсто, а реално за 8,2 отсто.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 6,9 отсто, а реално за 6,8 отсто и трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 6 отсто, а реално за 7,5 отсто и трговија на мало со автомобилски горива номинално за 37,9 отсто, а реално за 29,3 отсто.