Во трговијата на мало, во декември минатата година, во споредба со истиот период во 2012-та година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 14,4 , а реално за 16,2 отсто.
Намалување е забележано и во трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 7,1, а реално за 9,3 отсто и Трговија на мало со автомобилски горива номинално за 5,3, а реално за 2,2 отсто.