Намален водостојот на Охридското и Дојранското Езеро

За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за еден на Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,72 метра понизок од просекот за август, а пониско ниво од просечното и тоа за 14 сантиметри има и Охридското Езеро. За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,58 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.

Повисок водостој од просечниот имаат и реката Вардар на сите четири мерни места, како и Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Штип, Струмица кај Сушево и Црна Река кај Новаци.