Намален водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

Водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е намален за по еден сантиметар во споредба со вчера, додека нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР).

Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е девет сантиметри под апсолутниот минимум и е за 1,61 метар понизок од повеќегодишниот просек за септември. Пониско од просечното и тоа за 13 сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,59 метри повисок од просекот за овој месец.

Пониски од просечните се и нивоата на повеќето реки во земјава.