Намалена видливост на некои патни правци, аеродромот во Скопје отворен за сообраќај

аеродромот

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е се уште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информира Автомотосојузот на Македонија.

На останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата – информација која се однесува за македонската страна на премините.

На Аеродромот „Александар Велики“-Скопје, на кој авиосообраќајот вчера беше во прекин поради маглата, утрово со исклучок на откажаното полетување за Виена, реализирани се полетувања за Белград, Дортмунд, Загреб, Брисел и Стокхолм, а ноќеска по полноќ пристигнале и авионите од Белград и Лондон.