Намалени испораките на гасот за Германија преку Северен тек

Рускиот „Газпром“ го намалува својот максимален обем на испорака на природниот гас преку гасоводот Северен тек 1 преку Балтичко Море до Германија за 40 отсто, наведувајќи го како причина доцнењето на поправките од страна на германската компанија „Siemens“, објави во вторникот гасниот гигант.

!Единицата за компресирање на гаост не беше навремено вратена од поправка. Како резултат на тоа, сега може да се испумпува само до 100 милиони кубни метри гас преку гасоводот секој ден, или околу 60 проценти од претходно планираниот дневен волумен од 167 милиони кубни метри гас“, се вели во извештајот.

Низ Европа расте загриженоста откако Русија го прекина снабдувањето со гас за неколку земји кои освен што ѝ воведоа санции поради нејзината воена интервенција во Украина, го одбија и новиот модел на плаќање на енергенсот во рубљи.

Европските земји во голема мера се потпира на рускиот гас, најмалку третина од потербите од енергенсот ги добива од Русија, и се обидуваат да најдат алтернативни извори. Сепак, поради тешкотиите во догледно време, можеби и за неколку години, да се обезбедат алтернативните правци на снабдување а во сезоната на полнење на подземните складишта со гас пред почетокот на сезоната на затоплување, многу земји цо Европа сè уште купуваат руски гас, што помага да се одржи руската економија, забележува службената германска новинска агенција DPA.

За Германија гасоводот Северен тек 1 е главниот цевковод за снабдување со руски гас. Гасот веќе престана да се испумпува низ гасоводот Јамал-Европа. Значително е намален и транзитот на руски гас низ Украина, откако тамошниот државен оператори одби да ги прима гасот преку вториот транцинен јазол.