![MKB-MVM_Veszprém_handball_team](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/MKB-MVM_Veszpr-m_handball_team.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Раководството на „Веспрем“ донесе одлука да ги казни сите ракометари и членови на стручниот штаб по поразот од 32:25 во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против данскиот Скјерн. Токму поради ова, донесена е одлука целиот тим до крајот на унгарското првенство да зема само минимална плата, далеку пониска од онаа што им е утврдена на ракометарите и тренерите со потпишаните договори.
„Веспрем“, во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Дејан Манасов на сите им е јасно дека ракометарите ќе мора со далеку подобар пристап да влезат во реваншот.
-Навивачите на Веспрем и клупската управа заедно со градот даваат огромна поддршка за овој тим да игра на највисоко ниво на домашните и на меѓународните натпреварувања. Поради ова, сите сме на став дека дел од резултатите беа неприфатливи, исто како и играта и пристапот на играчите. Со ова се нарушува 40-годишната традиција на клубот и се навредуваат сите оние кои го граделе Веспрем да оди напред. Поради сето ова, донесена е одлука платите на сите играчи и на тренерите да бидат ограничени на минималец до крајот на унгарскиот шампионат“ – се вели во соопштението на „Веспрем“.