Државниот завод за статистика соопштува дека во првите три месеци од 2014 година, во споредба со истите месеци минатата година, се пониски за 1,6 отсто.
Во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,8 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,4 отсто, а трошоците за вработените се пониски за 3,1отсто.
Во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со првото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,6 отсто, трошоците за материјали се пониски за 3,1 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 3,2 отсто.