Намалено индустриското производство

Индустриското производство во ноември годинава е за 2,1 отсто намалено во однос на ноември 2018 година, а во првите 11 месеци од годинава има пораст од 4,7 отсто во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика воноември годинава воспоредба со анскиотноември, во секторот Рударство и вадење на камен се бележи опаѓање од 11,9  отсто, во секторот  Преработувачка индустрија има пораст од 0,7  проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 9,6 отсто.

Кај групата Капитални производи има раст од 6,6  отсто, а опаѓање има  во групите Енергија за 10,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто.