Законските измени кои предвидуваат намалување на казните се особено значајни за малите и средните претпријатија, затоа што кај малите фирми казните ќе бидат пониски шест до седум пати во однос на досегашните, а кај средните два до четири пати пониски од досегашните.
Македонија една од земјите со најдобра бизнис клима во Европа
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, намалувањето на казните за домашните компании заедно со многу други донесени мерки ја прави Македонија една од земјите со најдобра бизнис клима во Европа и овозможува и понатаму македонското стопанство да остварува добри резултати.
Драстично се намалуваат казните за фирмите
Како што посочи тој, со намалените казни за фирмите се исполнува големо ветување од Владата кон домашните фирми и се придонесува за натамошно подобрување на нивниот амбиент за работа.
Тој нагласи дека драстично се намалуваат казните за фирмите, што, пред се, е значајно за малите и средните претпријатија.
Кај малите фирми казните ќе бидат пониски шест до седум пати во однос на досегашните, а кај средните два до четири пати пониски од досегашните, што значи дека казната доколку мора да се изрече нема да влијае значајно врз работењето на фирмите, изјави Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Сојузот на стопански комори, пренесе МИА.
Како што рече, целта на казните не е да влијаат врз работењето на фирмите, туку само да го опоменат оној кој го прекршил законот да се корегира и да понатаму продолжи со работата. Според него, на ваков начин ќе се постигне таа цел, со определување на казните сразмерно на големината на фирмите.
Со измените на Законот за прекршоци се воведува и поголема примена на институтот опомена, значи за помалите прекршоци нема воопшто да има казни, туку фирмите ќе бидат опоменети со цел да го корегираат своето работење и да продолжат понатаму, изјави Ставрески.
Усвоени иницијативите на ССК
Според претседателката на ССК Данела Арсова, иницијативите на ССК за подобрување на деловното работење како дел пакетот мерки во 2013 година се усвојуваат континуирано со наоѓање начини за нивно интегрирање.
Со пакетот законски измени, особено измените на Законот за прекршоци што помина во Собранмието, драконските казни со кои се соочуваа компаниите во изминатите години се намалија и тоа значително, изјави Арсова.
Законските измени кои предвидуваат намалување на казните беа изгласани пред два дена во Собранието на Република Македонија.
За драстичното намалување на казните повеќе на следниот линк.