Намалување на трошоците на живот во јануари

Трошоците на живот во јануари бележи намалување од 0,1 отсто, во однос на претходниот месец, додека пораст од 0,2 отсто е забележан кај цените на мало, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот во јануари оваа година, во споредба со претходниот
месец од 0,1 отсто е резултат на пониските индекси на јајцата за 2,5 отсто, чоколадните производи за 1,3 отсто, овошјето за 1,2 отсто, лебот и житариците за 0,7 отсто, рибата и шеќерот за 0,5 отсто, кондиторските производи за 0,4 отсто и свежото млеко за 0,2 отсто.

Во јануари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката
опрема за 4,9 отсто, стаклените садови, кујнски прибор и друга опрема за домаќинствата за 3,9 отсто, обувките за
3,8 отсто, услугите за сместување за 2,5 отсто, апаратите за домаќинстата за 0,9 отсто, облеката за 0,6 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,5 отсто и резервни делови и опрема за сопствен превоз за 0,2 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во јануари оваа година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај зеленчукот за 1,4 отсто, киселото млеко за 0,7 отсто, конзервираната риба за 0,5 отсто, сувото овошје и др. прехранбени производи за 0,4 отсто и преработките од млеко за 0,3 отсто.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 4,4 отсто, фармацевтските производи за три отсто, пијалаците во рестораните и хотелите за 1,5 отсто, здравствените услуги
за 1,2 отсто, исхрана во рестораните и хотелите за 0,8 отсто, услуги во патниот сообраќај за 0,7 отсто, гасот за домаќинстата за 0,6 отсто и течните горива и мазива за 0,2 отсто.