Компаниите „Темес“, сопственик на синџир луксузни хотели во Грција, „Премиа“, компанија која се занимава со недвижности и винопроиизводителот „Елиника вина“ добија дозвола да формираат конзорциум кој ќе даде понуда за време на стечајната постапка за „Цантали“ закажана за 11 октомври.
Долгот на „Цантали“ е 64 милиони евра. Понудата на конзорциумот била 11 милиони евра, а банките бараат најмалку 25, објави порталот МКД.мк.
Порталот потсетува дека веќе пишувал дека македонска винарија пројавила интерес за купување на големата грчка винарија „Цантали“. Според грчките медиуми „Цантали“ е меѓу најголемите извозници на вино во Грција со присуство во 50 земји во светот. Но, винарската визба го прекинала производството уште лани во август, а годинава за пр пат во својата историја, грозјето не било собрано.
Инаку, „Езимит“ е сопственик на винаријата во Штип која има капацитет од пет милиони литри, во Лозово капацитетот е 20 милиони литри годишно, а „Повардарие“ годишно произведува и до 30 милиони литри вино.
Според бизнис логиката, намерата на „Езимит“ за купување на „Цантали“ е многу конкурентна. Но, прашањето е дали во Македонија има капацитет да се формира конзорциум за еден ваков сериозен деловен зафат?