Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека „намерно“ го избрала Божик за напад, нарекувајќи го руското ракетирање врз Харков утринава „нехумано“. Русија врши масовен напад врз вториот по големина украински град.
Зеленски рече дека биле истрелани повеќе од 70 проектили, плус 100 дронови. Соборени се повеќе од 50 проектили. Целта на рускиот напад е енергетскиот сектор. Ова е 13-ти голем руски напад врз енергетските постројки во Украина.
- Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко рече дека се воспоставени ограничувања за електрична енергија, при што Зеленски додаде дека Русија продолжува „да се бори“ за прекин на струја.
Градоначалникот на Харков Ихор Терехов вели дека 12 проектили биле лансирани кон градот, насочени кон енергетски објекти како што се котлари и електрани.
Поради тоа, голем дел од Харков во моментов е без греење.