8.8 C
Skopje
понеделник, декември 2, 2024

Наместо 400, ќе го довршат автопатот за 600 милиони, а викаат заштедиле 100

Владата денеска соопшти дека постигнала договор со кинеската Синохидро за продолжување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Од првично предвидените околу 400 милиони евра, цената на изградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе порасне за уште најмалку 187 милиони евра. Доколку на оваа цена се додадат и евентуалните непредвидени трошоци, 57-те километри автопат во Македонија би можеле да достигнат и цена близу 600 милиони евра, или речиси 6 милиони по километар автопат.

Колумнистот кој со години јавно ги бранеше ставовите на СДСМ и Зоран Заев, Ивор Мицковски, го коментира ова однесување на актуелната власт:

„Првична криминална цена 400 милиони евра за 57 км автопат. Доаѓа демократска власт, наместо да прекине со криминалот и додека чекаме разврска од „Траекторија“, одлучуваат да го довршат автопатот по цена од 600 милиони, и ти вика дека заштедиле 100“.