Наместо Брисел, Спасовски и Заев го донесоа Бејрут во Скопје. Со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град. Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие. Двократното убиство од утринава само го потврдува тоа.Двајца луѓе се буквално изрешетани со калашников, а полицијата не само што ги нема фатено, туку и не знае за убијците, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Убиството од утрово е по ист рецепт како убиството на Рузвелтова, кога исто така беа убиени двајца луѓе од друго возило во движење. И тој случај, како и овој од утрово е нерасчистен. Спасовски не ги знае убијците и тие се на слобода, и можат да го повторат делото. Во последните 4 години додека е Спасовски министер, ова е едно од десетина убиства, за кои не се знае ништо, а убијците се на слобода. Спасовски да каже како може некој да поседува калашников, а полицијата затоа да не знае. Дали граѓаните се безбедни и како тој тоа го гарантира, кога секој криминалец почна во кола да носи калашников, прашуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Спасовски и политичкиот дел од полицијата станаа главни заштитници на криминалот. Нема друг одговор освен сојуз помеѓу мафијата и Спасовски.
– Спасовски свесно ги дозволува мафијашките дивеења. Додека мафијата дивее, народот е уплашен. Спасовски и сите заштитници на криминалот треба да знаат дека следува одговорност и дека за ваквото не делување и непостапување ќе одговараат, посочуваат.