СДСМ крие дека Зечевиќ бил позитивен и ширел зараза во Охрид!, велат од ВМРО.
СДСМ додека ја замајува и лаже јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ на 19-ти во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани.
Миле Зечевиќ и официјално е позитивен на корона вирусот од 20-ти јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани.
Ја повикуваме директорката на центарот за јавно да го осуди неодговорното постапување на Миле Зечевиќ. Да се оттргне од партиските канџи на СДСМ и наместо како портпаролка на власта нека постапи совесно и нека побара кривична пријава за Зечевиќ.
СДСМ напаѓајќи го и фингирајќи случај против градоначалникот Кирил Пецаков само докажува дека се неспособни да се справат со короната која однесе над 8 илјади животи, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.