Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.З.(33) од с.Беловиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
На 13.07.2021, полициски службеници извршиле контрола и не ја затекнале пријавената во домот и покрај тоа што имала решение за изолација.