![Headphones Podcast On-Air](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/03/44.original.jpg?resize=696%2C469&ssl=1)
Наместо народна музика, слушателите на радио „Центар” во Крагуевац ноќта меѓу саботата и неделата имале „секс шоу” во живо. Главната уредничка на радиото тврди дека во студиото немало никој во тоа време, бидејќи целата програма се пуштала преку компјутер, пренесуваат српските медиуми.
– И ние сме изненадени од она што се случило, бидејќи во студиото не ни имаме микрофон. Можно е дека некој да се вмешал во нашата фреквенција. Чие „уживање“ слушавме, навистина не знам – вели Маја Миливојевиќ, главен и одговорен уредник на Радио „Центар”.
Таксистот Слободан Милојевиќ од Крагуевац за „Блиц” изјавил дека еротската програма на радиото почнала додека возел клиенти.
– Се собравме сите таксисти и го слушавме целиот перформанс. Околу дваесет минути сите во Крагуевац, кои беа на вистинската фреквенција, слушаа секс во живо – вели таксистот.