Наместо пари во стопанството, пари во криминалното и непотистичко СЈО

Наместо пари за стопанството и за борба против пандемијата со корона, има пари само за клиентелата на СДСМ во поранешното СЈО.

На денот кога излегоа и велеа ќе ве спасиме од кризата, а видовме дека ништо не направија, на владина седница донеле уредба за пренамена на средства, за да им се исплатат на јавно-обвинителските службеници, истражители и други вработени од поранешното СЈО пари од буџетот на јавното обвинителство за тековни, трошоци, заостанати плати и заостанати тековни трошоци.

Нема пари за награда за докторите, но има за СЈО. Нема пари за маски, но има за СЈО.
Баснословна сума и баснословни пари за братучедите, роднините, тетките и стриковците на функционерите на СДСМ згрижени во СЈО.

На човека да му се згади од гадосите што ги прави оваа криминално-рекетаска власт.

Ова е статус кој на својот Фејсбук профил го објави генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев.