За следните денови Управата за хидрометеролошки работи во Република Македонија најавува суво време со максимални температури во интервал од 11 до 17 степени.
Според порталот accuweather.com, сувото време во Македонија ќе се задржи до недела, кога не очекува облачно време со повремени врнежи од дожд.
Настрана од тоа, медиумите вчера повикувајќи се на британски метеролози, пишуваа дека зимата која е пред нас ќе биде најладна зима во последните 100 години, а ќе го зафати поголемиот дел од Стариот континент.
Големите количества на снег упорно ќе ја затрупуваат Европа, следени со многу ниски температури. Според проценките на британските метеоролози, арктичката зима ќе го окова континенетот дури пет месеци.
Тие најавуваат дека првиот леден бран можеме да го очекуваме веќе во ноември.
За јануари се предвидува рекордно ниска температура од минус 27 степени, и тоа на поголем дел од континентот, вклучувајќи го и пределот на Србија.
Иако според порталот accuweather.com временска прогноза имаме само за до почетокот на декември, во ниту еден случај не проследуваме најава за екстремно ниски температури.