Наместо „празни“ интерпелации, ДУИ да го поддржи нашиот предлог за намалување на банкарските провизии,, порачаа од ЛДП

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Либерално-демократската партија апелира на одговорно и совесно однесување од сите политичари и политички партии, нo пред сѐ, како граѓани на оваа земја. Сега не е време за нови поделби и сите заедно не смееме да дозволиме одредени сили во земјата повторно да создаваат тензии и поделби на народот.

Доколку ДУИ навистина сака да покаже доблест и вистинска грижа за граѓаните и државата, ќе го поддржи предлогот на ЛДП, кој претседателката и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, го достави пред две недели, а со кој се намалуваат и укинуваат неоправдано високите банкарски трошоци.

Со поддршка на овој предлог, од кој сите граѓани на Македонија без разлика на нивната вера, националност и етничка припадност ќе имаат повеќе пари во нивните џебови, ДУИ ќе покаже дека навистина застанува на страна на граѓаните и ги брани нивните интереси. Сѐ останато е само уште една епизода на популизам, задоволување на лични интереси и собирање на дневни политички поени.

ЛДП оценува дека интерпелациите поднесени од страна на ДУИ за првиот вицепремиер Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерката за внатрешни работи Астри Исени и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, се неосновани и во моментов, целосно непотребни.