Судијката Александра Ристовска, која го води судењето за предметот „Тортура” денеска не ја објави најавената пресудата за овој случај со образложение дека на судот не му било јасно кои дејствија ги презеле обвинетите. Од оваа причина рочиштето го закажа за 8 јули, кога обвинителството ќе треба да достави дополнителни докази.
Случајот за овој предмет го водеше судијката Александра Ристовска, а обвинението го застапуваше јавниот обвинител Љубомир Лапе.
Случај „Тортура”, во врска со приведувањето на Љубе Бошковски, на 4 јуни 2011 година, беше отворен од поранешното СЈО. Во тек судската постапка овој предмет еднаш беше вратен од почеток, од причина што рочиште не се одржа повеќе од 90 дена и поради смена на поротник.
Првообвинет во овој случај е екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, и шест припадници на единицата „Алфи”.