Пред Министерството за надворешни работи, граѓаните кои денеска протестираа и го изразија своето незадоволство од тајните преговори на власа со соседна Бугарија, побараа оставка од министерот Бујар Османи, но и од неговите соработници ги распродаваат националните интереси на македонскиот народ.
Пред демонстрантите се обрати Антонио Милошоски од ВНРО-ДПМНЕ, којашто е организатор на овие протести под името: „Оставка на Заев, слобода на народот. Протест сега за да не биде предоцна“.
„Оставка за тие што викендов беа затворени во МНР, мнинистерот Бујар Османи и тројцата негови соработници, кои преговараа со нивните колеги од Софија. Во чие име преговараа, што преговараа и што договорија? На чија сметка, кој им дал мандат да преговараат за она што е традиција, интерес, историја, книжевност, јазик на македонскиот народ? Не се чудете зошто Османи и Никола Димитров и Зоран Заев не доаѓаат во Собрание. Затоа што тие се навикнати само на тајни преговори. Тајни преговори кои потоа ги плаќа народот. За жал она што го ветуваа, живот за сите и европска Македонија, денес стана само полошо место за живеење. Оваа држава е предводена од корумпирани политичари коишто националните интереси ги гледат само како предмет на преговор за да можат да останат во фотелјите во кои се наоѓаат. Се сеќавате на онаа фотографија од 2018 година, на која велеа дека сме добиле дадтум за почеток на преговори со ЕУ. Дали некои од нив го украде датумот? Ние знаеме кој од овие тројца е крадецот. Заев ветуваше дека ќе ја однесе Македонија во Европа, дека ќе биде дел од европскиот Париз, за да заглави во бугарскиот „Пазарџик“, рече Милошоски.
Тој потсети дека Османи и Димитров кажале дека ќе си поднесат оставки доколку не добиеме датум за преговори, а сега заборавиле на тие ветувања.
„Џабе се криете, ќе дојде денот кога во Собранието ќе бидете разрешени од функциите. Вашето време заминува. Оставката е само еден чин, после тоа и за Заев и за Османи и за Димитров треба да се побара одговорност. Не може на ваков начин, газејќи ја волјата на луѓето да се оди против АСНОМ, против оние што се бореле против фашизмот, ссо понижување на народот и Илинденците. Не може да не се одговра. Оставката од ваша страна може да биде само ваша олеснителна околност“, посочи Милошоски и најави секојдневни протести во градовите низ Македонија.