Наместо за прва помош на граѓаните, хеликоптерот си го искористија Заев и Филипче

За шест месеци се ставаат на располагање два хеликоптери за медицинска прва помош за пребарување и спасување. Тоа за граѓаните значи дека за 15 минути ќе добијат помош каде и да има потреба. Двата хеликоптери и хелидромите по истекот на договорот од осум години остануваат во сопственост на Македонија.

Вакво ветување даде Заев пред две години кое се разбира не се реализираше. Овој проект го промовираше заедно со неговиот соработник Драги Рашковски кој во моментот е во Мексико.

Наместо граѓаните, денеска со хеликоптер летаа Заев и Филипче и тоа до Прилеп.

Но Владата го раскина договорот за јавно-приватно партнерство кој се потпиша под контроверзни и нејасни околности со „Сархемс“, компанијата регистрирана во Македонија за хеликоптерски спасувачки систем.

Јавниот партнер, т.е државата имаше обврска да му одобри и го овласти да прибира надоместоци и такси согласно позитивните законски прописи, да му го даде на располагање центарот за обука, да му обезбеди поддршка за евентуално финансирање од страна на „Еуроконтрол“ и авиопревозниците, како и дозвола за ангажирање на локален персонал, воен и цивилен од јавните институции