Некои од најподмолните закани за човековото здравје може да се најдат во навидум здравата храна. Постојат намирници кои често кријат скриени калории, натриум и други адитиви кои може да ги влошат хроничните здравствени проблеми како високиот крвен притисок, болестите на срцето и обезноста.
Калориите и натриумот се неопходни за нашето тело, но прекумерната нивна консумација може да доведе до сериозни проблеми.
Натриумот, иако е од витално значење за рамнотежна на течностите и функцијата на нервите, може да предизвика и задржување на вода и да го подигне крвниот притисок доколку се консумира прекумерно.
Скриените калории, често од додадените шеќери и масти, може да придонесат кон зголемување на тежината и метаболички проблеми. Диетичарите и нутриционистите, Ден Галагер, Триста Бест и Лиза Ричардс предупредуваат на три такви вообичаени намирници кои треба да се консумираат во ограничени количини.
Сирење
Сирењето често се испитува поради содржината на масти и холестерол, но често се занемарува високото ниво на натриум. „Говорејќи општо, постарото сирење има повеќе натриум. Доколку јадете нешто посвежо како моцарела или свежо сирење го намалувате внесот на натриум“ вели Галагер. Иако сирењето може да биде хранлив додаток во нашата исхана, изборот на опцијата со пониско ниво на натриум може да го намали ризикот од висок крвен притисок и други здравствени проблеми.
Гранола (јатки со овошје)
Гранолата најчесто се смета како здрав доручек или ужина, но сепак таа е богата со калории и натриум. „Многу комерцијални плочки со гранола се прават со додаток на шеќер, мед или сируп за да се подобри вкусот, што драматично може да го зголеми брјот на калории“ предупредува Бест. Покрај тоа, гранолата често вклучува и висококалорични состојки како ореви, семки и суво овошје, а некои брендови дури додаваат и дополнителни масти. „Натриумот може да се најде и во гранола, особено во ароматизираните варијанти или оние кои содржат дополнителни состојки како солени ореви или семки“, додава Бест. Таа комбинација на шеќери, масти и натриум може да ја претвори гранолата во лош оброк, а не здрав избор.
Сос за скара
Иако на многумина им е вкусен, сосот за скара најчесто е полн со шеќери, натриум и калории. „Овој сос може да придонесе за собирање на масно ткиво на стомакот, најмногу поради високата содржина на шеќер и калории“ предупредува Ричардс. Тој додава дека многу комерцијани сосови за скара се полни со додаден шеќер, често и во облик на пченкарен сируп со висока содржина на фруктуза или други засладувачи. „Тие додадени шеќери може значајно да го зголемат вкупниот број на калории во сосот, што го олеснува консумирањето на повеќе калории“ открива Ричардс.