Намирници за во доцните часови со кои ќе ослабете

Познато е дека вечерата е непријател на витката линија, но доколу гиодберете правилните намирници тоа не мора да биде така. Некои оброци се толку диетални што можат да ви помогнат да ослабете.

Житарки

Не станува збор за засладените житарки, туку за цели зрна. Можете да изедете чинија овесни снегулки со малку овошје и млеко или едноставно да купите мусли од цело зрно, без дополнителни шеќери.

Бело месо

Белото пилешко месо има многу малку маснотии и калории, а се подготвува брзо – едноставно направете го на скара тавче со малку маслиново масло. По желба комбинирајте со некоја салата.

Јаболка

Јаболката е е без причина една од најпопуларните ужинки на светот – преполна е со влакна, а воедно е и крцкава, па имате чувство дека нешто грицкате.

Морков

Доколку не можете да замислите навечер да седите пред телевизорот, а прито ништо да не грицкате, морковчињата се вистинскиот избор. Преполн со витамини и минерали, морковот е крал на зеленчукот. Ако јадете по еден секој ден ќе забележите позитивни промени на вашиот организам.

Банана

Најдобрата работа кај бананите не е тоа што се полни со влакна, туку тоа што не ви е потребен ниту еден сад – едноставно земете банана, изедете ја, а кората фрлете ја во канта!