Актерот Џаред Лето е еден од последните во низата јавни личности кои позирале целосно голи или во долна облека за да ги поттикнат обожавателите на излезат на избори.
„Не заборавајте да гласате“, напишал Лето под фотографиите.
https://www.instagram.com/p/CGnKnAeH84K/?utm_source=ig_embed
На 48-годишниот актер му се придружиле многу ѕвезди, вклучувајќи го Марк Руфало, Сара Силверман, Џена Деван и Наоми Кемпбел, кои на овој начин сакаат да ги поттикнат Американците во што поголем број да излезат на избори.
„Еј, гола сум. Супер, сега го имам вашето внимание: ГЛАСАЈТЕ! И ако гласате во отсуство, проверете дали ги следите сите упатства на вашето гласачно ливче. Не верувајте ми само на зборот, слушнете ги моите голи пријатели“, напишала Наоми под видеата кои ги споделила на нејзиниот Инстаграм профил.
https://www.instagram.com/tv/CGDwjFfnpNb/?utm_source=ig_embed
Една од првите јавни личности која ја искористила ‘голотијата’ за да ги повика избирачите да гласаат била Кајли Џенер.
https://www.instagram.com/p/CFscgtXnf6F/?utm_source=ig_embed
После нејзините објави забележан е пораст од неверојатни 1500 отсто во однос на претходниот ден на американската мрежна алатка за регистрација.