Напаѓачи ослободија над 260 затвореници во Нигерија

Тешко вооружени напаѓачи упаднале во неделата ноќта по локално време во затвор во централна Нигерија, кревајќи ги во воздух препреките и ослободувајќи 266 затвореници, речиси сите кои биле во затворот, соопштија во понеделникот тамошните власти.

Во нападот загинале војник и полицаец, а двајца стражари се водат како исчезнати, соопшти нигериското министерство за внатрешни работи.

Напаѓачите со експлозив ги разнеле оградите на затворот од три страни и воделе престрелка со стражарите во затворот категоризиран со средна безбедност во Каба во сојузната држава Коги, југозападно од главниот град на државата Абуџа, додаваат властите.

Од вкупно 294 затвореници во Каба 28 не побегнале, соопшти министерството за внатрешни работи, што значи дека сеега 266 осуденици за разни дела се во бегство.

Ова е второ големо бегство од затвор годинава во Нигеријам, откако вооружени напаѓачи во април го нападнаа затворот во Оверија во југоисточната држава Имо, ослободувајќи над 1.800 затвореници.

Нигерија, најнаселената земја на континентот и најголемиот африкански извозник на нафта, се бори со низа безбедносни проблени на својата огромна територија, вклучително и вооружени грабежи од криминални групи, киднапирања за откуп до џихадистички бунт на североистокот и низа масовни грабнувања од училишта на северозападот.