Напаѓачкa со нож повреди пет лица во автобус во Германија

Пет лица се повредени, од кои три се во критична состојба, во напад со нож на автобус во западниот германски град Зиген, соопшти полицијата во петокот доцна вечерта. Жената која го извршила нападот, на 32-годишна возраст, е уапсена, соопшти полицијата.

Најмалку 40 лица патувале со автобус до градскиот фестивал во Зиген, на околу 75 километри од Келн, кога се случил нападот околу 19 часот и 40 минути по локално време, се наведува во соопштението.

Инцидентот се случи една седмица по смртоносниот напад со нож во градот Солинген во западна Германија, кога напаѓачот уби три а повреди осум лица.

Осомничениот сторител, 26-годишен Сириец е во притвор. Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за тој напад, иако германските власти сѐ уште ја истражуваат веродостојноста на тврдењето.

Полицијата во Зиген ги повика граѓаните „да не шират лажни вести на социјалните мрежи или други канали, а особено да не го поврзуваат инцидентот со терористички напад“.

Засега нема информации за мотивот на нападот.

Полицијата во петокот донца ноќта беше на местото на нападот и вршеше прибирање докази и сослушување на очевидците.