Напаѓачот кој пукаше во болницата во Тулса, имал за цел да го убие докторот што го оперирал

Вооружениот напаѓач кој завчера уби четири лица во болницата „Свети Францис“ во Тулса, САД, пукал во лекарот кој му го оперирал грбот, изјави началникот на полицијата, Вендел Френклин. Човекот кој пукаше во болничкиот кампус се вика Мајкл Луис, извести полицијата.

Луис ја користел истата полуавтоматска пушка како и тинејџерот кој неодамна уби 21 лице во училиште во Тексас, пишува Sky News. Тој купил една пушка еден час пред пукањето и уште една три дена порано. Се верува дека тој ги купил двете пушки легално, рече началникот на полицијата во Тулса.

Неговата намера била да го убие докторот кој го оперирал.
Полицијата соопшти дека Луис дошол на вториот кат, каде била собата на Др. Престон Филипс кој го оперирал неговиот грб и неселективно пукал во сите што ги сретнел. „Тој имаше писмо со себе во кое јасно ни беше доставено дека дошол со намера да го убие доктор Филипс и секој што ќе му застане на патот“, рече началникот на полицијата.

Убиен е и ортопедот Др. Стефани Хусен, како и рецепционерката Аманда Грин и пациентот Вилијам Лав.

Ден пред нападот, Луис бил со Др. Филипс и се обидувал да му помогне за болките во грбот по операцијата.

„Д-р Филипс беше господин и човек на кој сите треба да огледаат. Шокирани сме што некој зеде оружје против д-р Филипс, бидејќи тој е докторот кој поминуваше многу време со пациентите и секогаш сакаше да им помогне. Ова е голема загуба за нашата болница“, рече портпаролот на болницата Свети Францис.

Во петминутното пукање беа повредени уште неколку лица, но набрзина им беше укажана помош и беа ослободени истиот ден. По нападот, Луис изврши самоубиство.