Напаѓачот кој уби девет лица во училиште во Русија носел нацистички симболи

Напаѓачот кој во понеделникот утрото се самоубил откако убил девет лица, меѓу кои пет деца, во училиште во рускиот град Ижевск, бил облечен во маица со нацистички симболи и носел маска, соопшти рускиот Истражнеи комитет.

Напаѓачот кај себе не носел документи и во моментов службите работат на неговата идентификација и откривање на мотивите за масакрот.

Нападот се случи во престолнината на Удмуртија, региони на околу илјада километри источно од Москва. Тамошните власти потврдија дека меѓу убиените пет се ученици, двајца учители и двајца чувари, а дваесеттина луѓе се ранети,

„Според првичните сознанија, злосторникот бил вооружен со два трауматски пиштоли преправени за употреба на боева муниција. Неговиот идентитет сѐ уште не е утврден“, напиша на својот Telegram канал пратеникот Александр Хиншттјан,

Во Русија изминатите години се случија неколку вооружени напади во училишта. Во мај 2021 година вооружен тинејџер уби седум деца и двајца возрасни во 280 километри оддалечениот Казан. Во април годинава вооружен маж уби две деца и учител во детска градинка во регионот Уљановск, исто така, во близина ан Казан и Ижевск, пред да се самоубие.