Напаѓачот на Трамп на Флорида преку порака изразил намера да го убие

Осомничениот вооружен маж, уапсен во близина на теренот за голф на Доналд Трамп, напишал порака неколку месеци претходно во која вели дека имал намера да го убие поранешниот претседател, покажува судскиот поднесок.

„Ова беше обид за атентат врз Доналд Трамп“, се вели во пораката.

Во судските документи поднесени во понеделникот, обвинителите наведуваат дека 58-годишниот Рајан Рут оставил писмо во домот на сведок неколку месеци пред инцидентот на 15 септември во Флорида.

Рут се очекува да се појави пред федералниот суд подоцна во понеделникот и најверојатно ќе се соочи со нови обвиненија покрај двете обвиненија за вооужувањето. Засега е обвинет дека поседувал оружје, иако е осуден на условна казна и за поседување оружје со избришан сериски број, пренесува Reuters.

Во судските документи стои дека покрај кутијата со пораката, Рут оставил и муниција, градежни материјали, алатки и четири телефони во куќата на непознат сведок пред инцидентот.

Рут е во затвор откако беше уапсен на 15 септември, откако беше вооружен во близина на голф-клубот на Трамп во Вест Палм Бич, Флорида. Претходно тој имал проблеми со законот, а е регистриран донатор на демократите кој ја поддржувал Украина каде и наводно престојувал и бил активен за испраќање платеници и доброволци во војната против Русија.

Истрагата покажа дека Рут пристигнал во околината на голф-клубот на Трамп единаесет ипол часа пред инцидентот тој ден. Распоредот на Трамп не беше објавен во јавноста, а не е познато дали обвинетиот знаел дека тој навистина ќе биде таму, напиша претходно Reuters.

Тајната служба пукала во него откако еден од агентите видел врв од пушка како излегува од грмушките додека Трамп играл голф. Рут бил уапсен околу 40 минути подоцна во автомобил кој бил пријавен за украден.