Дваесетгодишниот Томас Круск, осомничен дека се обидел да го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп на денот кога се регистриал за предизборниот собир во Батлер во Пенсилванија, пребарувал на интернет за атентатот врз Џон Фицџралд Кенеди, изјави во средата шефот на американското Федерално биро за истраги (FBI), Кристофер Вреј
„Анализата на лаптопот којшто истрагата го поврзува со вооружениот напаѓач откри дека на 6-ти јули тој пребарувал на Google (информации за тоа) колку далеку (Ли Харви) Освалд бил од Кенеди“, рече Вреј во сведочењето пред Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом.
„Тоа е истиот ден кога се чини дека се пријавил за митингот во Батлер“, рече тој, додавајќи дека осомничениот Томас Крукс потоа станал „многу фокусиран на претседателот Трамп и неговиот предизборен митинг“.
Поранешниот претседател Кенеди беше убиен од Ли Харви Освалд на 22-ри ноември 1963 година во тексашкиот град Далас.
Вреј рече дека Крукс, помошник во старечки дом, испукал најмалку осум куршуми од покрив во близина на собирот на 13-ти јули, погодувајќи го републиканскиот претседателски кандидат во увото, убивајќи еден од учесниците на митингот и ранувајќи двајца други.
Крукс користел пушка „АR-15“ со склопувачки кундак, „што би објаснило зошто на луѓето можеби им било потешко да забележат“, рече Вреј.
Сѐ уште не е познат мотивот за обидот за убиство на Трамп. Вреј објасни дека многу луѓе го опишале Крукс како осаменик и дека листата на контакти во неговиот телефон е кратка. Вреј, исто така, им кажа на пратениците дека Крукс го летал дронот на околу 600 стапки од бината каде Трамп им се обраќал на приврзаниците и ја пренесувал снимката во живо 11 минути, околу два часа пред настанот.
Речем и дека примитивни експлозивни направи дизајнирани да се активираат од далечина биле пронајдени во автомобилот и домот на Крукс. Крукс имал предавател со себе во моментот на пукањето, додаде Вреј. Но, тој рече дека FBI верува дека осомничениот не би можел да ги активира уредите дури и доколку се обидел.
Кимберли Читл поднесе оставка на функцијата шефица на американската Тајна служба, именувана од актуелниот претседател Џо Бајден, откако пратениците го побараа тоа поради неуспехот да се спречи атентатот,и покрај сведоштвата дека нејзи нејзините агенти биле предупредувани од граѓаните за качувањето на вооружен маж на објект само 140 метри оддалечен по воздушна линија од бината на која зборуваше Трамп.