Сè уште хоспитализиран, Брахим Ауисауи, ивршител на терористичкиот напад во базиликата Ница, беше сослушан од еден истражен судија одговорен за предметот, по што официјално беше обвинет за терористичко убиство и затворен, јави дописникот на МИА.
Брахим Ауисауи, 21-годишен Тунижанец кој уби еден маж и две жени со нож на 29 октомври во базиликата во Ница, е обвинет за терористичко убиство и затворен, објави националното анти-терористичко обвинителство во соопштението за печатот.
Ауисауи, беше сериозно повреден за време на апсењето и беше позитивен на коронавирус, тој беше пренесен на почетокот на ноември од болница во Ница во болница во регионот на Париз. Неговата здравствена состојба е подобрена неодамна, дозволувајќи му сослушување од истражен судија за борба против тероризам, кој по сослушувањето официјално го обвини.