Напаѓачот кој во Хамбург во четвртокот ноќта усмрти седум луѓе е припадник на заедницата на Јеховините сведоци, кој притоа се убил и себеси, и самиот некогаш ѝ припаѓал на оваа заедница и поседувал дозвола за носење оружје, соопшти во петокот полицијата во Хамбург.
„Масакар од вакви размери сѐ уште немаме доживеано во Хамбург“, изјави сенаторот за внатрешни работи на градот-сојузна покраина Хамбург, Анди Гроте.
Појасни дека полицијата четири минути по првиот повик веќе била на местото на нападот. Гроте тврди дека брзото пристигнување на полицијата „спаси многу човечки животи“. Во објектот во тој момент на собирот имало околу 50 луѓе.
„По пристигнувањето на полицијата, напаѓачот побегна на првиот кат, каде што си го одзема животот“, рече Гроте.
Претходно напаѓачот усмртил седум лица, меѓу коишто, како што објасни Гроте, е и едно неродено дете. Меѓу убиените се четворица мажи и две жени, сите германски државјани. Повредени се осум лица, од кои четири тешко.
Напаѓачот е идентификуван како 35-годишниот Филип Ф., германски државјанин кој некогаш бил припадник на заедницата на Јеховините сведоци и поседувал оружје за коешто имал дозвола којашто му била издадена во декември минатата 2022 година.
„Според сегашните сознанија, Филип Ф. заедницата на Јеховините сведоци не ја напуштил во најдобри односи“, изјавил претставникот на криминалистичкиот оддел на Хамбург, Томас Раджувејт
Полицијата пред неколку месеци добила анонимна пријава во којашто се барало одземање на дозволата за носење оружје на Филип Ф., со образложување дека станува збор за психички болно лице „полно со гнев кон верските заедници и поранешниот работодавач“, но контролите не пронашле никакви детали кои би го оправдале одземањето на дозволата за носење оружје.
„Во текот на контролата на станот на Филип Ф. не биле утврдени никакви неправилности, а самиот сторител не оддавал впечаток на психички болна личност“, изјави Ралф Мартин Мајер, директор на полициската управа на Хамбург.
Во синоќешниот претрес на станот на напаѓачот пронајдено е и поголемо количество муниција, додаде Ралф Петер Андерс од државното обвинителство во Хамбург. Како што додаде, напаѓачот досега не бил евидентиран во полициските и во архивите на безбедносните служби.
Во четвртокот доцна вечерта се случи масакр во зградата којашто во Хамбург ја користат припадниците на верската заедница Јеховини сведоци. Напаѓачот околу 21 часот по локално време упаднал во зградата и со истрели од пушто усмртил шест лица, меѓу кои и жена во поодмината бременост, а на крајот извршил самоубиство.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, кои и самиот со години ја извршуваше функцијата градоначалник на Хамбург, преку Twitter го изрази своите запрепастување.
„Во мислите сум со жртвите и членовите на семејствата. И со силите за безбедност кои ја извршија оваа тешка задача“, објави Шолц.