(ВИДЕО) Напаѓачот во Ница е млад Тунижанец дојден во Франција од Лампедуза, за Макрон земјата е под напад

Напаѓачот кој во четвртокот утрото во базиликата Нотр Дам во Ница усмрти три лица е 21-годишен Тунижанец кој пристигнал во Европа преку италијанскиот остров Лампедуза на кој се истоваруваат мигрантите од северна Африка, рекле извори запознаени со истрагата за агенцијата AFP.

Според „локален извор близок на истрагата“, младиот маж е идентификуван како Брахим Аусауи. Тој пристигнал на Лапедуза кон крајот на септември, каде што италијанските власти го ставиле во карантин, пред да биде пуштен со обврска да ја напушти територијата на Италија. Во Франција, според овој извори, допатувал на почетокот од октомври.

Француските власти воопшто немаа дилеми нападот да го квалификуваат како терористички акт, имајќи предвид на големиот број сведоци кои навеле дека при нападот младиот маж извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем), што често го извикуваат при нападите екстремните исламисти. Специјалното француско обвинителство за тероризам отвори истрага под обвинение за „убиство“ и „здружување во злосторничка и терористичка организација“.

Осомниченот кој бил застрелан при апсењето по што е префрлен во болница, и во текот полициската операција извикувал „Алаху Акбар“.

Напаѓачот во 9 часот по локално време вооружен со нож влегол во црквата и му го пресекол гркланот на управителот на црквата, ѝ ја отсекол главата на повозрасна жена и тешко избодел третата жена, која успеала да се сокрие во блиско кафе, но набрзи починала.

Инцидентите дојдоа две седмици откако 18-годишен чеченски исламист обезглави среде бел ден близу Париз гимназиски професор кој на час на кој зборувал за слободата на говорот покажал карикатури на пророкот Мухамед.

Францускиот претседател Емануел Макрон, по нападот во Ница, застрелувањето на маж во Авињон и информациите за спречување на слични напади во Лион и Париз, како и нападот пред францускиот конзулат во саудиска Џеда во четвртокот, изјави дека Франција е под напад.

Нападите во четвртокот се случуваат на роденденот на пророкот Мухамед, во време на сѐ поголемиот гнев на муслиманските земји поради франциската упорност да не се забрани објавувањето на контроверзните карикатури на пророкот, што во исламскиот свет се смета за богохулство. Во неколку муслимански земји беа организирани масовни протести против Франција, а некои тамошни земји, во прв ред турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој жестоко го нападна францускиот колега Емануел Макрон дека се бори против исламот.

Макрон, зборувајќи за медиумите од местото на нападот во Ница, рече дека Франција е нападната „поради воите вредности, тежнењеето кон слободата и можноста на својата почва да има верски слободи“. „Денеска повторни јасно порачувам: нема да попуштиме“, рече францускиот челник.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан упати во четвртокот „пораката на мирот на муслиманскиот свет“ и истакна дека Франција е „земја толеранција“, а не на „презирот и отфрлувањето“ во врска со нападот во Ница.

„Не слушајте ги гласовите кои сакаат недоверба. Да не дозволиме малкумината манипулатори да нѐ заробат со своите ексцеси“, рече Ле Дриан.