Напаѓачот во Париз признал дека планирал да „убива странци“

Мажот кој беше уапсен по вооружениот напад во петокот во Париз., во кој загинаа тројца припадници на локалната курдска заедница, претходно истиот ден се упатил во општината Сен дени на северот од француската престолнина, каде планирал да „убие странци“ но ги променил своите планови, пренесе во неделата агенцијата AFP, повикувајќи се на документот од канцеларијата на јавното обвинителство во Париз.

„Уапсениот прво заминал во Сен Дени за да ‘изврши убиства врз странски граѓани’, но не го сторил тоа поради фактот што таму имало малку народ, а исто така поради тоа што неговата облека го спречувала непречено да го полни оружјето“, го цитира агенцијата соопштението на париската обвинителка Лаура Беко.

Пренесен во психијатриска клиника, напаѓачот во истрагата признал дека „страдал од омраза кон странците, којашто станала целосно патолошка“.

Напаѓачот, исто така, ја опишал својата состојба како „депресивна“ и нагласил дека имал самоубиствени склоности. Истакнал и дека „од 2016 година имал желба да убива мигранти“.

Во петокот 69-годишниот маж отвори оган во улица пред курдскиот културен центар во 10-от арондисман на Париз. Во пукањето загинаа три лица, за кои медиумите известија дека биле курдски активисти, а беа ранети уште четири други од кои две се во критична состојба. Обвинителството отвори истрага за повеќекратно убиство, а не за тероризам како во некои слични случаи, што предизвика масовни протести и безредија од припадниците на активистите и припадниците на доселеничките заедници.

Напаѓачот признал дека планирал напад врз курдската заедница и дека неговите постапки предизвикани од расна омраза. Тој по националност е Французин и на полицијата ѝ бил познат од претходно по обида за убиства во 2016 и во 2021 година. Минатата година бил уапсен за вооружен напад во мигрантски центар во 12-от арондисман на Париз, каде што ранил две лица. Излегол на слобода во очекување на судењето 11 дена пред нападот во петокот.

Во саботата париската полиција го префрлила уапсениот во психијатриско одделени, откако утврдиле дека неговата состојба биле несоодветна со условите на притворот.