Напаѓачот во Њу Орлеанс дејствувал сам и ја поддржувал Исламска држава, објави FBI по анализа на видеата

Американскиот воен ветеран кој со својот камионет влета во толпата луѓе на новогодишна забава во Њу Орлеанс, се заколнал на верност на ултарадикалната џихадистичка организација Исламска држава и дејствувал сам во нападот во кој загинаа најмалку 14 луѓе а 36 други се повредени, соопшти во четвртокот американското Федиралното биро за истраги (FBI).

Осомничениот, кој е убиен на местото на настанот откако отворил оган врз полицијата, е идентификуван како Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишен Тексашанец кој служел во американската војска во Авганистан.

Тој возел од Хјустон до Њу Орлеанс на 31-ви декември и објавил пет видеа меѓу 01:29 и 03:02 часот ноќта на нападот во кои рекол дека ја поддржува Исламската држава, додаваaт од FBI.

Во првото видео, Џабар објаснува дека прво планирал да им наштети на своето семејство и пријателите, но бил загрижен дека медиумското покривање нема да се фокусира на „војна меѓу верниците и неверниците“, рече заменик-помошникот директор на FBI, Кристофер Раја на прес-конференција.

Џабар, исто така, на снимките рекол дека ѝ се приклучил на Исламска држава (ISIS) пред минатото лето.

„Тоа беше терористички акт. Тоа беше однапред смислен и злобен чин“, нагласи Раја.

FBI соопшти дека се чини оти нема поврзаност меѓу нападот во Њу Орлеанс и инцидентот во Лас Вегас истиот ден, кога електричен теренец „Tesla Cybertruck“, натоварен со канистри со бензин и моќна пиротехничка опрема, експлодираше и се запали пред хоителскиот комплекс „Trump International“ Трамп во Лас Вегас, при што загина едно лице а уште седум други се повредени. Експлозијата пред комплексот во кој удел има новоизбраниот американски претседател се случи само три седмии пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа на 20-ти јануари. Возилот, пак, се доживува како поврзаност меѓу Трамп и неговиот најголем донатор и поддржувач, милијардерот Илон Маск кој ќе има позиција во агенција којашто ќе ја надгледува ефикасноста на идната администрација во Вашингтон.

Меѓу повредените во нападот во Њу Орлеанс се и двајца полицајци кои биле застрелани од осомничениот.

Нападот се случи три часа по почетокот на новата година на култната улицата Бурбон во историскиот Француски кварт. Најмалку 15 лица загинаа, вклучувајќи го и осомничениот, соопшти FBI. Во официјалното соопштение беше додадено дека на возилото користено во нападот било пронајдено знамето на Исламска држава.

Властите во другите американски градови објавија дека ја зголемиле безбедноста, вклучително и на „Trump Tower“ и Тајмс Сквер во Њујорк, додавајќи дека таму немала непосредни закани.

Во Вашингтон, полицијата, исто така, соопшти дека го зголемила своето присуство додека главниот град се подготвува да биде домаќин на три големи настани овој месец. На 6-ти јануари Конгресот треба да ја потврди победата на Трамп на претседателските избори, на 9-ти јануари се одржува државното збогување со поранешниот претседател Џими Картер, а на 20-ти јануари инаугурацијата на Трамп.