Самоубиствен напад во Авганистан, најмалку две жртви

Самоубиствен напад во Авганистан, најмалку две жртви

Најмалку две лица го загубија животот, а повеќе од 40 се повредени во самоубиствен напад извршен во јужниот дел на Авганистан.

– Бомбашот самоубиец го активирал експлозивот поставен во камион пред влезот во седиштето на полицијата, изјави портпаролот на локалната полиција, Фарид Ахмад Обаид.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот, но се претпоставува дека го извршиле талибанците.