Најмалку 11 лица се убиени во напад, извршен од бомбаш-самоубиец врз џамија во Кувајт, за време на петочната молитва, јави ТАСС.
Експлозијата се случила во зградата на џамијата, каде бомбашот ги активирал експлозивите.
Нападната е џамијата Ал Садик. Вообичаено во таа џамија се молат шиитски верници.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Групата Исламска држава, меѓутоа, ја презеде одговорноста за неколку бомбашки напади во две различни шиитски џамии во Саудиска Арабија.