Шеф на претпријатие од Рона беше обезглавен денес за време на терористичкиот напад во индустриски објект во Изерм во близината на Лион во Франција, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Станува збор за работодавачот на осмниченото лице, кое е идeнтификувано како Јасин Салхи, жител на Сен-Приест, во близината на Лион, кој беше уапсен по нападот.
Главата на жртвата беше пронајдена на оградата од фабриката на американскaта група „Ер Продуктс“ во Сант Кантан-Фалавие, опкружена со ислaмистички знамиња.
Телото на жртвата беше пронајдено во претпријатието, според истиот извор.
Ова е прва жртва на тероризмот во Франција на која и’ е отсечена глава, практика широко распространета во Сирија од страна Исламската држава.
Жртвата е маж на 45 години, кој раководеше со транспортно претпријатие и располагаше со дозвола да влегува во кругот на фабриката „Ер Продукт“, каде што беше извршен нападот, недалеку од аеродормот во Лион.
Претседателот Франсоа Оланд од своја страна најави засилување на антитерористичкиот план Вижипират, кој е подигнат на максимално ниво.