Напад на туристи во Хрватска – eден млад човек претепан затоа што не ја платил сметката, друг тешко повреден

Полицијата во Хрватска истражува напад врз полски државјанин, кој на 21 август околу 2 часот по полноќ бил претепан во Медулин.

Полјакот бил нападнат во ресторан, а бил нападнат од непознат маж.Настанот го пријавила во полиција и во болница каде бил донесен со тешки повреди.

Инаку на крајот на јули во Пула беше нападнат млад човек (26), наводно затоа што не ја платил сметката.

За нападот се осомничени млад маж (22) и две жени на возраст од 34 и 52 години.

Наводно, нападнатиот млад човек јадел и не платил, па тројката го нападнала и тешко го повредила.

Помош му била укажана во болницата во Пула, а до пред неколку дена полицијата трагала по сторителите кои сега се под кривична истрага.