Секое соопштение од штабот на СДСМ насочено против Курир е јасен напад врз слободата на говорот и работењето на медиумите. Секое соопштение од штабот на СДСМ го толкуваме како директен притисок и закана по медиумот и новинарите кои работат во него. Секое соопштение напишано по наредба на Зоран Заев или одобрено од него, ќе го проследиме и до канцеларијата на Европската Унија и до сите меѓународни новинарски здруженија, велат од редакцијата на „Курир“.
Курир работел и ќе работи крајно професионално и во интерес на своите посетители. Тие тоа го препознаваат и го ценат. Тоа го потврди и последната анкета спроведена од Меѓународниот републикански институт. Во истражувањето на ИРИ, во однос на прашањето „Кој портал или интернет страна ја читате најчесто за да се запознаете со политичките ставови“, 10 % од испитаниците кажале дека тоа го прават токму преку Курир. Предноста на Курир пред другите портали е скоро двојна.
Тоа го знае и СДСМ. Затоа СДСМ сака да се рекламира и да ја реализира својата кампања на најчитаниот портал.
Друг е проблемот со неискреноста и лицемерието. Зошто би сакал некој да плати реклама некому ако смета дека истиот продуцира „виртуелни вести“, дека е „огранок“, дека е „агенција-партија“ или дека е „политички субјект“ ?
Веруваме дека и вистинските членови и симпатизери на СДСМ се збунети од ваквата подвоеност на личноста на луѓето кои во моментов го водат СДСМ.
На овој начин сакаме јавно да го информираме Зоран Заев и сите послушници кои по негова наредба го напаѓаат Курир дека просторот за реклами кај нас е веќе резервиран за целата наредна година. Тоа е привилегија на читаните портали.
Доколку СДСМ се чуствува толку слаб и очаен, и има потреба од рекламен простор во некој „политички субјект“ го упатуваме да се обрати и да резервира реклама на сајтот на која било политичка партија.
Ние на јавноста и ги ставаме на увид барањето на СДСМ за рекламен простор во Курир и секојдневните напади врз нашата реакција. Посетителите сами нека ценат за непринципиелноста на СДСМ.