![nadap vo kina na gradinka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/nadap-vo-kina-na-gradinka.jpg?resize=670%2C369&ssl=1)
Најмалку 51 дете и тројца воспитувачи се повредени во градинка во југозападна Кина, откако напаѓач ги испрскал со натриум-хидроксид. Две лица се тешко повредени.
Според кинеската новинска агенција Синхуа, инцидентот се случил вчера попладне по локално време, во провинцијата Јунан.
Напаѓачот (23), идентификуван како Конг, уапсен е еден час по нападот. Полицијата соопшти дека со овој напад тој сакал да се „одмазди на општеството“.
Натриум-хидроксид, познат и како „каустична сода“ или „камена сода’, се користи за производство на голем број производи, меѓу кои и сапун, хартија и различни бои. Изложеноста на „камена сода“ може да доведе до изгореници или иритација на очите и кожата, а можни се и алергиски реакции.